Насловна / Архитектура / Yasmeen Lari, добитничка на Кралскиот златен медал

Yasmeen Lari, добитничка на Кралскиот златен медал

Пакистанската архитектка Yasmeen Lari е добитничка на Кралскиот златен медал на Кралскиот институт на британските архитекти за 2023 година како признание за хуманитарната работа на која се посветила „од своето пензионирање“.

2

Lari, која е првата жена архитект во Пакистан, го доби признанието за својата општествено свесна работа и за создавање домови за најмаргинализираните заедници во земјата по пензионирањето, откако се повлекла од формалната пракса.

4

домување, Anguri Bagh 

„Иако ја препознаваме важноста на нејзината улога во пракса, како симбол на промените во Пакистан, Кралскиот златен медал ја слави работата што ја преземала од нејзиното пензионирање во 2000 година“, се вели во образложението на наградата.

7

 населба Lari Octa Green од кал, бамбус и вар

„Во последните 23 години Lari и The Heritage Foundation of Pakistan, која ја основала заедно со нејзиниот сопруг, реагираа имагинативно и креативно на физичката и психолошката штета што бројни големи природни катастрофи, земјотреси, поплави и конфликти ги нанесоа на луѓето во Пакистан“.

1

Родена во Dera Ghazi Khan, Пакистан, Lari се преселила во Обединетото Кралство со своето семејство на 15-годишна возраст и студирала архитектура на Oxford Polytechnic, кој денес е Oxford Brookes University. На 23 години се вратила во Карачи во Пакистан и го основала своето биро Lari Associates, кое станало успешно во создавањето на бројни проекти за домување и за деловни објекти.

Тоа ја вклучува и првиот пакистански државен проект за домување, Anguri Bagh и знаменити згради како што се Финансискиот и трговски центар и Пакистанското државно нафтено седиште во Карачи.

5

Пакистанското државно нафтено седиште во Карачи

Сепак, токму нејзината работа фокусирана на објекти за маргинализираните заедници во Пакистан го привлече глобалното внимание.

Работењето преку фондацијата Heritage of Pakistan, која ја основала во 1980 година со нејзиниот сопруг Suhail Zaheer Lari, доведе до реализација на 50.000 одржливи самоизградени засолништа и над 80.000 еколошки печки за готвење.

6

еколошки печки за готвење

Од своето „пензионирање“ во 2000 година, таа се посветила на фондацијата и хуманитарните цели.

„Бев многу изненадена кога ја слушнав оваа вест и се разбира целосно воодушевена“, изјави Lari.

„Никогаш не ни замислував дека додека се фокусирам на најмаргинализираните луѓе во мојата земја – по неиспитаните патеки на скитниците –би можела да бидам добитник на најголимата почести во архитектонската професија“.

Lari е заговорник на користење традиционални материјали, вклучувајќи кал, вар и бамбус. Во интервју за Dezeen, изјави дека користењето на „древните мудрости и техники“ може да доведе до јаглеродно неутрални градби.

3

центар од бамбус за заедницата во Макли 

Нејзините неодамнешните проекти во Пакистан, вклучуваат голем центар од бамбус за заедницата во Макли и работа со обесправените заедници за да се создадат теракотни плочки за улица во историското срце на Карачи.

На неодамнешното Биенале на исламските уметности во Саудиска Арабија, создала три pop-up џамии од бамбус.

Испрати коментар

Scroll To Top