Насловна / Вести / Xiaomi започна со пробно производство на својот прв автомобил

Xiaomi започна со пробно производство на својот прв автомобил

Кинескиот производител на мобилни телефони, е во фаза на продор во автомобилската индустрија. Во моментот во фаза на пробно производство е првиот автомобил. Фабриката во Пекинг, произведува околу 50 прототипови седмично.

Xiaomi1

Со одобрение од Министерството за индустрија и информатички технологии, кое треба да биде издадено најдоцна до крајот на годината, Xiaomi ќе започне со масовно производство.  Xiaomi веќе започна со вработување на работници за овој сектор. Во однос на производството е поставена многу амбициозна цел – 150.000 автомобили годишно во првата фаза. минатиот месец медиумите објавија некои фотографии од овој модел на  Xiaomi . Станува збор за лимузински прототип со кодно име MS11. Сериската верзија би требала да понуди долг домет со батерија со капацитет од 101 kWh, која овозможува домет од 800 km во верзија со еден електромотор.  Целта на  Xiaomi е да влезе на пазарот со ценовен опсег до 27.400 американски долари, како би можел да с енатпреварува со ривалите – Tesla Model 3, BYD Seal, Deepal SL03 и десетина други кинески електрични автомобили кои с емногу барани на тамошниот пазар. Првите автомобили ќе бидат продавани во Кина, потоа во Европа, а на крајот и на американскиот пазар.

Xiaomi2

Испрати коментар

Scroll To Top