Кинескиот производител на смартфони Xiaomi купи стотици патенти за технологија поврзани со смартфоните, од Microsoft, соопшти BBC. Патент договорот го отвора патот на кинеската компанија да ги продава своите уреди на Запад, коментираше весникот.
Во исто време, договорот ќе носи бонус и на Microsoft, бидејќи некои од апликациите на компанијата, вклучувајќи го Skype и Office, ќе бидат пре-инсталирани во уредите со оперативен систем Android на Xiaomi.
Според договорот Xiaomi ги стекнува правата на речиси 1 500 патенти, како и на технологијата за комуникации, видеото и облачните технологии.