Кинескиот пазар на електрични автомобили во последните години доби значителни државни субвенции, што помогна во растот на таа индустрија. Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi, планира почеток на сериско производство на електрични автомобили во првата половина на 2024 година. Во март, Xiaomi најави влез во индустријата на електрични автомобили и објави дека планира да вложи 10 милијарди долари во тој бизнис во следните 10 години. Минатиот месец Xiaomi службено ја регистрираше својата компанија за електрични возила Xiaomi EV.
Xiaomi EV сега има 300 вработени, а на пазарот на електрични возила во Кина новоформираната компанија ќе се соочи со сериозна конкуренција. Компанијата за вештачка интелигенција и интернет услуги Baidu, исто така оваа година покрена самостојна компанија за производство на електрични возила, тука се ривалите Nio и Xpeng, како и веќе етаблираната Teslа. Компанијата за истражување Canalys предвидува дека во Кина во 2021 година, ќе се продадат 1,9 милиони електрични возила, што е раст од 51% во однос на минатата година.