Кинеската компанија Xiaomi има намера да произведува електрични автомобили, а тоа ќе го прави во сопствена фабрика која ќе се изгради во наредниот период. Медиумите во Кина пишуваат дека фазата на проектирање на првиот електричен автомобил на Xiaomi е завршена, дека интеграцијата на софтверот на возилото брзо напредува и дека ќе биде завршена до средината на октомври. Наредниот чекор за компанијата е почеток на планирање на производството.
Xiaomi е нов играч во автомобилската индустрија, кој своите планови за производство на електричен автомобил ги најави во март 2021 година, а реализацијата на тие планови се очекува во 2024 година, односно за нешто повеќе од една година. Дали за тоа време фабриката ќе биде изградена, останува да се види. Компанијата планира да вложи 10 милијарди долари во овој проект во наредните десет години. Кога ќе биде целосно оперативна, фабриката ќе произведува 300.000 возила. Фабриката ќе се гради во две фази, откако во првата ќе се обезбеди капацитет за производство на 150.000 автомобили годишно. Целта на Xiaomi е својот прв електричен автомобил да го понуди на пазарот во 2024 година.