Полската архитектонска фирма WXCA е автор на победничкиот проект за музејот Książąt Lubomirskich во Вроцлав, Полска. Над 100 проектни решенија од сите краишта на светот учествувале на овој конкурс.
Победничкото решение се истакнува според хомогениот баланс помеѓу модерниот дизајн и класиката. Масивните ѕидови на објектот се изведени од камени блокови сложени во класична композиција. Прозорците генерираат ритмична композиција на фасадата, и придонесуваат за неправилна но сепак хармонична целина. Модерниот дух на објектот е резултат на комплексните детали во самата конструкција. Оваа мешавина на традиционално со модерно е јасна рефлексија на културниот идентитет – континуитет и доследност во уметноста и архитектурата.