Сите реки во Бугарија и нивните притоки претрпеле некој вид штета, при што како причинители се посочуваат загадувањето, сушата, отпадните води, вадење песок и изградбата на хидроцентрали, предупредува World Wildlife Fund (WWF). На вкупно 325 реки во Бугарија изградени с е270 хидроцентрали, а одобрени се уште 200 нови.
Листата на загрозени видови во Бугарија содржи 50 видови риби, од кои 4 веќе целосно изумреле, додека 46 се загрозени. Овде спаѓа и есетрата, чија еволуција трае уште од времето на диносаурусите.
Сепак, според WWF сеуште не е доцна нешто да се направи. Во тек е јавна дебата за Директивата за води на ЕУ. Оваа дебата е шанса да се заштити животот во бугарските реки во текот на наредните 20 години, велат од WWF.