Насловна / Вести / WWF против „лажно зелената“ енергетика

WWF против „лажно зелената“ енергетика

Во следните неколку недели Европската унија би можела да ги прогласи нуклеарната енергија и природниот гас за одржливи извори на енергија. ЕУ се подготвува за потпишување на листата на „зелени“ вложувања кои ќе станат дел од ЕУ таксономијата, документ кој ќе служи како водич на инвеститорите за одржливи инвестиции. WWF (World Wildlife Fund) заедно со невладините организации за заштита на животната средина ширум Европа, сака да спречи прогласување на споменатите извори на енергија за „зелени“.

fakegreen1

Со таа одлука, милијарди евра ќе се пренасочат од енергијата на ветерот, соларната енергија и останатите зелени технологии, на неодржливи извори на енергија, што за луѓето ќе значи и поголемо оптоварување на сметките за гас. Затоа, тие ја покренале кампањата #StopFakeGreen (да го запреме „лажното зелено“), со која ги повикуваат застапниците на Европскиот парламент да гласаат против вклучувањето на гасот и нуклеарната енергија во ЕУ таксономијата, бидејќи високите емисии кои ги произведува гасот и радиоактивниот отпад, не се и не можат да бидат зелени и одржливи.

fakegreen2

„Гасот предизвикува инфлациска криза во Европа, а ЕУ истовремено сака да го промовира како одржлив извор на енергија. Со тоа, дополнително се поттикнува неговата потрошувачка, што само ќе ја влоши ситуацијата. Денес енергијата добиена од обновливите извори на енергија е далеку поефтина од гасот, па затоа европските домаќинства ќе имаат финансиска корист од побрзата транзиција на обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност. Не смееме наместо тоа да прифатиме застарени и штетни технологии“, велат од WWF

Испрати коментар

Scroll To Top