Насловна / Вести / WWF: Медитеранската сабјарка пред истребување

WWF: Медитеранската сабјарка пред истребување

mediteranska-sabjarka-mediterranean-swordfish

Светската организација за заштита на природата WWF ги повикува 48-те рибарски нации да го запрат прекумерниот улов на медитеранската сабјарка, што трае веќе над три децении, и итно да го усвојат амбициозниот план за спас на овој вид риба. Како што се наведува во соопштението на WWF, земјите кои се дел од

mediteranska-sabjarka1

Меѓународната комисија за заштита на атланските туни (ICCAT), вклучувајќи ги и САД, Јапонија и Европската Унија, од 14 до 21 ноември одлучуваат за мерките за управување со загрозените видови како медитеранската сабјарка, туната и морскиот пес. Според научниот одбор на ICCAT, уловот на сабјарката е двојно повисок отколку што би требало да биде, а дури 70% од уловената риба е помлада од три години.

mediteranska-sabjarka

Медитеранската сабјарка е многу вреден вид риба за земјите од Средоземјето. Рибарските флоти на Европската Унија ловат 75% од вкупниот улов, на чело со Италија, Шпанија и Грција.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top