Со големо задоволство ве покануваме на Workplace Conference 2025, настан организиран од iOLite Hub, за нашите долгогодишни клиенти B2 Solution, Македонија и B0S – Business Office Solution, Србија.
Workplace Conference 2025 ќе се одржи на 26 март 2025 година во познатиот Сава Центар во Белград.
Овој настан е фокусиран на бизнис лидери, менаџери, HR специјалисти, дизајнери, инвеститори.
Интернационални говорници кои ќе одговорат на клучни теми:
- Агилни работни средини и нивното влијание на продуктивноста.
- Како meeting канцелариите да ги претвориме во зони за релаксирано разменување на идеи и информации – Work Cafe.
- AI и нејзината улога во модерните канцеларии – како ќе изгледа канцеларијата на иднината.
- Како боите влијаат на агилноста, инспирацијата и емоциите на луѓето во канцелариите.
- Како транспарентноста во работењето се сретнува со приватноста на луѓето.
- Најновите светски истражувања како да ја зголемиме продуктивноста и во исто време благосостојбата на вработените.
Workplace Conference не е само обичен настан, тоа е уникатна можност да го проширите вашето деловно мрежно поврзување, да добиете корисни информации како би креирале работна средина која ќе одговори на потребите на модерниот човек.
За повеќе информации за агендата, погледнете тука.
Местата се ограничени, затоа ве молиме регистрирајте се тука и обезбедете си место што побрзо.
За повеќе информации за настанот, посетете ја официјалната веб-страница.