По повод завршувањето на Milan Expo 2015, беше прогласен најдобриот павилјон од овогодишните претставници. Според изборот на посетителите, како најдобар и воедно еден од најпосетуваните павилјони за оваа година е павилјонот на Велика Британија наречен Wolfgang Buttress. Тој е изработен од 169.300 одделни алуминиумски парчиња кои им овозможуваат на посетителите да го доживеат искуството на животот на пчелите.
Второто место му припадна на Chilean Pavilion од Cristián Undurraga.
Третото место го доби чешкото архитектонско студио Chybik+Kristof Architects & Urban Designers.