Компанијата „Мајкрософт” уште во јуни најави дека наскоро доаѓа Windows 11, но непрецизно, односно „пред празниците“. Сега точнo се знае дека новата верзија на овој оперативен систем ќе биде достапна од 5-ти октомври. Првото големо унапредување на Windows после 2015 година, ќе биде достапно како бесплатно надоградување на косриснисите со верзија на оперативниот систем Windows 10. Како што се истакнува во блогот на компанијата, Windows 11 е дизајниран така да им го овозможи на корисниците она што тие го сакаат. Содржината е поставена во центарот, а неодамна прегледаните документи ќе се прикажуваат без оглед на кој уред корисникот ги прегледувал. Унапредувањата пружаат помоќен начин за извршување на повеќе задачи и за оптимизација на екранот. „Windows 11 е оптимиран за брзина, ефикасност и подобрено искуство на екраните со допир, при употреба на дигитален молив и при гласовен внес. Подобрената верзија на оперативниот систем е свртена кон хибриднна работа“, порачуваат од „Мајкрософт“.