Насловна / Вести / WindEurope: Стапката на раст на индустријата за енергија од ветерот, бавна за постигнување на целите за 2030 година

WindEurope: Стапката на раст на индустријата за енергија од ветерот, бавна за постигнување на целите за 2030 година

Годишниот статистички извештај на организацијата WindEurope, покажува дека во ЕУ минатата година се изградени ветерни паркови со вкупна инсталирана моќност од вкупно 11GW. До 2026 година, се очекуваат 18GW годишно, а за остварување на целта за зелената енергија за 2030 година, потребни се 32GW годишно. Најголема експанзија во оваа индустрија бележи Турција, која сега се позиционира ведаш после Велика Британија, Шведска и Германија.

wind3

„Европа не гради доволно капацитети од ветер за да ги исполни своите цели за енергетика и клима, а бавното темпо ги пореметува синџирите на снабдување во тој сектор, соопштува“, WindEurope. Оваа организација ја предупреди и претседателката на Европската Комисија Ursulа von der Leyen дека индустријата за енергија од ветерот е во „лоша состојба“. Во својот годишен статистички извештај Annual Statistics 2021, WindEurope укажува на недоволно брза експанзија.  Имено, вкупниот капацитет во цела Европа е 236GW.  WindEurope претставува повеќе од 400 компании и институции кои делуваат низ целиот систем на индустријата на ветерни електрани на копно и на море. „Овие слаби резултати го поткопуваат Зелениот договор и нанесуваат штета на развојот на оваа област од енергетиката во Европа“, рекол генералниот директор на оваа организација Giles Dickson.

wind2

Испрати коментар

Scroll To Top