Оваа куќа во предградието на Аделаида, Австралија проектирана е од Reuben French-Kennedy, како дом за пензионери за неговите родители. Willunga House е проектирана во хармонија со природата, нудејќи погледи на околниот пејзаж, истовремено намалувајќи го влијанието на јаглерод диоксид преку пасивно греење и ладење.
Формата и распоред се проектирани на начин да бидат што подостапни, што го прави животот лесен и пријатен за парот во подоцнежни години.
French-Kennedy го сместил објектот во задниот дел на локацијата за да создаде пред куќата пространа градина. Големиот застаклен ѕид покрај тоа што пружа поглед, исто така ја зафаќа и сончевата топлина, пасивно загревајќи ја внатрешноста во поладните зимски месеци. За да се спречи прегревањето на куќата во текот на летото, големите стреи овозможуваат ладовина.
Куќата од 190 квадратни метри е во форма на буквата L и ги обвиткува задниот и страничниот дел од правоаголната локација. Организирана е на едно ниво, освен гаража под едниот дел. Внатрешноста е комбинација од простори со отворен план и приватни соби, проектирани да одговараат на потребите на двојката и сега и во иднина.
Кујната, трпезаријата и салонот го зафаќаат централниот дел од куќата, со работниот простор кој се наоѓа во делумно засенет простор на едната страна. Апартманот за главната спалната соба зафаќа поприватен простор на западниот крај од објектот. Тука се и спална соба за гости и одвоено студио кое може да функционира како работен простор или како дневна соба.
French-Kennedy избрал едноставна палета на материјали и за внатрешните и за надворешните простори. Поцинкуваниот лим создава надворешна заштита од атмосферските влијанија, додека терасите и внатрешните простори се обложени со дрво од јасен. Подот е полиран бетон, загреан со систем на подно греење, кој се напојува со покривни соларни панели и хидраулична топлотна пумпа.