Насловна / Технологии / WikiHouse – Оpen Hardware архитектура

WikiHouse – Оpen Hardware архитектура

wikihouse-thumb.jpg„WikiHouse e Open Community Construction Set. Целта е да му се овозможи на секого, без
разлика на неговите формални вештини, слободно да презема од интернет и да гради
структури, кои може да си ги дозволи и кои се приспособени на неговите потреби.“
Прво правило на технологијата
е: сè е можно. Сходно на
тоа, кога ќе слушнете нешто
тотално откачено за технологијата,
првиот совет е: не велете нема
шанси.

Внимателно, бидејќи
ако згрешите може историјата
да ве запамети како Големото
промашување, без разлика
на вашите карактеристики и
достигнувања. Тоа му се случи
на Томас Вотсон, прочуениот
директор и основач на ИБМ, кој со
изјавата дека во светот би имало
потреба од само 5 компјутери во
иднина, се посрамоти довека.
И сега повторно мамка. Ако некој
ви каже дека во иднина, ќе може да
си ја „симнете“ куќата бесплатно
од интернет, да ја „отпечатите“ и
уште комотно да живеете во неа,
што би направиле? Не знам за вас,
но јас би прашувал повеќе, иако
во себе длабоко би се сомневал во
физибилноста на идејата. Сепак
постојат луѓе, кои се цврсто уверени
дека е ова клучниот чекор кон
Архитектура 2.0. Чекорот се вика
WikiHouse.wikihouse-1.jpg Проект базично развиен
од Лондонската дизајн група 00:/ кој
треба да ги истражи можностите што
произлегуваат од Open Hardware
идејата во областа на архитектурата
и домувањето. Бидејќи нашиот јазик
е малку неспретен во преводот и
интепретирањето на современите
странски изрази, Open Hardware е
„жежок костен“ за објаснување. Во
основа, ако Open Software означува
отворено користење на софтверите
преку преземање на кодот и негово
модифицирање и дистрибуција,
Open Hardware означува обид за
слободно користење и развивање
на определена технологија – тука
се работи за тип на градежна
конструкција. Како и сите други
проекти кои имаат префикс Open, така и овој има за цел да и
помогне на заедницата да го реши
секогаш горливото прашање на
домувањето. Или како што можете
да прочитате на веб страницата
на проектот www.wikihouse.cc:
“WikiHouse e Open Community
Construction Set. Целта е да
му се овозможи на секого, без
разлика на неговите формални
вештини, слободно да презема од
интернет и да гради структури, кои
може да си ги дозволи и кои се
приспособени на неговите потреби.“
Сето ова се планира да се
постигне преку продукција на
слободни (читај: бесплатни) дизајни
на куќи, специјално обработени
и приспособени за градење со
иверка која претходно ќе биде
обработена на CNC машина според
проектните детали. Скроените
елементи од иверка би се спојувале
на исклучително лесен и едноставен
начин со помош на шајки и
штрафови. Целата идеја прилично
потсетува на ИКЕА производите
и нивната филозофија. Пристоен
дизајн, целосна функционалност,
одлична цена. Совршен рецепт за
успех. Првата комплетна WikiHouse
треба да се изгради на Gwangu
Design Biennale 2011 во Јужна
Кореја кое ќе се одржи во периодот
септември/октомври 2011 година.
Иако е сè уште во
експериментална фаза, патот
до WikiHouse изгледа вака:

 

Дизајн

Во блиска иднина се очекува
интернетот да биде преплавен
од целосни модели, дизајни или
компоненти на куќите во Google
SketchUp фајл формат, изработени
и разменувани од заедница на
дизајнери од целиот свет. Засега,
модели можат да се преземат
единствено од веб страницата
на проектот. wikihouse-2.jpgПоединечни делови
на моделите можат да бидат
комбинирани или адаптирани преку
употреба на бесплатниот програм
Google SketchUp. Со инсталирање
на повторно бесплатниот плагин
од WikiHouse, преку еден клик
на Make This House во Google
SketchUp, автоматски се генерира
сет на цртежи, потребни за да се
„скројат“ иверките на CNC машини.
Секако, процесот од модел до
работни цртежи претставува
делче од секунда, во која
компјутерот ги дава исклучително
точните димензии на елементите
и начинот на составување.

Материјал

Предвидениот материјал, кој е лесно
достапен и евтин, е иверка од 18 мм
со стандардни димензии на плочите
од 2440 мм и 1220мм. Од него, со
помош на CNC машина, прецизно
би се изработувале униформирани
елементи во посебни форми и
димензии, кои ќе овозможат лесна
и сигурна монтажа. Според самиот
материјал, може да се констатира
дека куќите имаат „зелена“
карактеристика, бидејќи материјалот
е природен, лесно се рециклира и
распаѓа. Елементите би се спојувале
по сет од правила со извонредна
леснотија, и тоа од страна на
самите корисници, без притоа да
поседуваат посебни вештини и
знаења. Она што е важно да се
напомене е нивото на карабина,
кое се добива со спојувањето на
елементите, што значи дека сега
засега сите останати материјали,
како што се изолации, инсталации,
завршни обвивки и други, се
„оставени за подобри времиња“.

 

Градење

Градењето, ако така може да се
нарече спојувањето на елементите
во конечна форма, е упростено
до степен на игра. Внимавано е
процесот на спојување да биде
едноставен и овозможен преку
мал број на инструкции. Притоа,
употребата на електрични алати е
сведена на минимум (од WikiHouse
велат дека електричен алат не
е потребен, но тоа тврдење е
под знак прашалник, со оглед
на тоа што се спомнуваат
штрафови, шајки итн.). Во основа,
скроените иверки се спојуваат
по две за да се добие поцврст
елемент. Елементите меѓу себе
се поврзани со шајки, штрафови
и со меѓусебно приклештување.
Така добиените елементи се
поставуваат на 600 мм, како
ребраста конструкција, зајакнати
со странични стабилизатори, со
цел зајакнување на структуралниот
интегритет. Дека станува збор за
едноставен процес, покажуваат
и резултатите од градењето на
прототипот минатиот месец: беа
потребни 24 часа за финиширање
на прототипот од нула состојба
(дизајн, сечење и спојување), од
кои два часа беа потребни за
спојување на елементите. wikihouse-3.jpgСепак,
вниманието во моментов е кон
градење на основната носечка
конструкција. Деталите околу
фазите и фасадата се прескокнати,
веројатно како не толку горчливо
прашање во моментов. Како и да
е, сосема е извесно
дека ќе се појават
голем број проблеми
од градежна природа,
кои проектниот тим
ќе треба да ги реши.
Мора да се напомене
дека во проектот се
користени резултати од
напредни истражувања
на МИТ од областа
на градењето на
објекти со помош на
CNC машини и на
„puzzle – fit“ начин на
спојување. Познати
се и други претходни
обиди за скоро
идентично градење. Во 2007 година,
во Лондон бил реализиран проектот
наречен Digital House. Идејата
била да се создаде технологија
за градење на куќи каде сите
елементи би биле „скроени“ од
страна на CNC машина, и донесени
на градилиште на спојување. Она
што го разликува WikiHouse од
останатите спомнати проекти, е
токму „отвореноста“ на проектот,
односно неговото слободно
користење, наспроти обидите
за комерцијализација. Впрочем,
градењето на префабрикувани
куќи и не е ништо ново. Можеби не
толку во Македонија, но голем број
земји, меѓу кои особено САД, развија
одлични системи на градење, со
одлична поддршка во сите сфери.
Многу лесно, оваа технологија
може да направи вистински бум,
секако кога ќе се доработи на
потребното ниво. Замислете го само
бенефитот од оваа технологија. Ако
не толку при нормални ситуации,
тогаш барем при вонредни прилики
како бегалски кризи, природни
катастрофи, економски кризи
и слично. Монтажни објекти
за 24 часа, би решиле големи
прашања, и би спасиле животи.
Но и покрај позитивните реакции
и обележја, на веб страниците
се појавија коментари дека
оваа технологија значи „смрт за
професијата (архитектурата)“,
„втопување во обезличеното“,
„гушење на креативноста“, „крај
за архитектите“ и друго. Барем
едно е сигурно, WikiHouse не
поминува незабележано и е „жешка
тема“ на интернет. Проверете.

Трајче Стојанов ,
дипл.инж. арх.

Испрати коментар

Scroll To Top