Насловна / Архитектура / Wienerberger ве кани да се пријавете за наградите Brick Award 22

Wienerberger ве кани да се пријавете за наградите Brick Award 22

Brick Award е меѓународно признато наградување на извонредна архитектура од тули. Натпреварот Brick Award, кој првпат е воведен во 2004 година, е наградување кое се доделува на секои две години за извонредни примери на современи и иновативни архитектонски решенија со употреба на тули. За Brick Award 2022 година, Wienerberger ги поканува архитектите од целиот свет и од Македонија, да ги пријават своите објекти. Wienerberger е најголемиот светски производител на тули и лидер на пазарот во производство на ќерамиди во Европа.

br

Онлајн регистрација и услови за учество

За Brick Award 22 натпреварувањето, отворена е онлајн платформата почнувајќи од 11 јануари 2021 година. Периодот на пријавување завршува на 8 април 2021 година. Пријавувањето е бесплатно на следниот линк: https://www.brickaward.com/Submission.html

Од учесниците се бара да пополнат онлајн образец кој се состои од основни податоци за проектот, краток информативен текст, како и слики и проект на објектот.

По затворањето на периодот за регистрација, жирито ќе направи прелиминарна селекција од 150 до 200 проекти кои ќе бидат официјално гласани, а потоа од нив ќе номинира 50 проекти од целиот свет кои влегуваат во конкуренција за наградите. Жирито во јуни 2021 во Виена ќе ги одбере добитниците. Сите детали околу категориите за учество, начинот на пријава и селекција на добитниците може да се видат на линкот: https://www.brickaward.com/

br3

br1

Критериуми за оценување

Критериумите за оценување вклучуваат иновативен дизајн и концепт на архитектурата, вешта и иновативна употреба на тули, како и квалитет на архитектурата во однос на естетиката, формата и конфигурацијата на проектот. Посебно внимание е насочено и на адекватноста на проектот во однос на неговата намена, типот на градење и културниот контекст, како и аспектите на одржливост и енергетска ефикасност.

br4

Важен критериум за доставување апликации е значителен дел од објектот да се состои од глинен градежен материјал и да биде актуелен проект завршен во или по 2018 година. Проектите не мора строго да се градени со глинени материјали на Wienerberger, ова не е предуслов за аплицирање. Може да се пријават проекти во кои се употребени нови или користени тули од било кој производител.

Добитниците на наградите Brick Award се прогласуваат секои две години на церемонија на доделување на наградите и 50. номинации се презентираат во книгата Brick Book.

br2

Испрати коментар

Scroll To Top