Градското сообраќајно претпријатие Wien linien ја проширува својата carsharing понуда за 28 електрични возила на различни локации во градот. Понудата под името WienMobil Auto е вклучена во апликацијата WienMobil која обединува понуди од различни даватели на услуги во областа на мобилноста. Независно од тоа дали патниците користат јавен превоз, велосипед, carsharing или се движат пешки, WienMobil овозможува планирање на рутата и резервирање на различни возила земајќи ги во предвид членствата и претплатите во секторот сообраќај. Возилата можат да се изнајмуваат на шест WienMobil локации, но и на други локации во градот. Граѓаните кои поседуваат годишни карти за јавен градски превоз имаат дополнителни попусти на оваа услуга. „Понудата на Wien linien е разновидна и прилагодлива. WienMobil Auto нуди флексибилност и го прави поседувањето на сопствен автомобил непотребно“ изјавила директорката на компанијата Wien linien.