Насловна / Архитектура / Werk и Snøhetta отвораат поморски центар на данскиот западен брег

Werk и Snøhetta отвораат поморски центар на данскиот западен брег

WERK Arkitekter и Snøhetta заедно со Oluf Jørgensen го завршија „светилникот“, нов поморски центар за крајбрежниот град Есбјерг во Данска. Тимот победи на конкурсот при што покрај предлог решението за поморскиот центар, проектот содржи и простор за клубови за спортови на вода, магацин за чамци, капацитети за обука, голема работилница и социјални простори.

Проектот наречен „Светилник“  инспириран од обликот и материјалноста на локалните фенери, центарот  е новата достапна и инклузивна знаменитост за жителите, посетителите и сите вљубеници кои сакаат да го искусат крајбрежјето на Есбејрг.

17 18 „Поморскиот  центар има простор за секого; од искусен нуркач и професионален кајакар до случаен минувач. Светилникот ги повикува сите да погледнат во поморскиот живот и кон морето воодушевувајќи му се на неговиот бесконечен хоризонт“. Целта беше да се создаде единствена дестинација што го осветлува данскиот западен брег, за секој да може да го најде својот пат до новите заедници на море. “

Френк Д. Фореј,  архитект и проект менаџер во Snøhetta

На горното ниво на зградата се сместени неколку клубови, вклучувајќи веслање, кајак, едрење, нуркање и триатлон клубови, како и заеднички области, образовен центар и објекти за обука. На долното ниво, директно поврзано со морето со мост, се наоѓа просторот за складирање и работилницата за чамци. Големите прозорци долж целата фасада на зградата обезбедуваат голема количина на природна светлина и видливост во внатрешноста, а исто така го поврзуваат центарот со неговата околина. Во текот на ноќта, сјај сјае низ прозорците, го осветлува центарот како фенер.

3-copy-0

Фасадното обликување  на зградата е директно инспирирано од геометријата и изработката на бродовите, оддавајќи почит на поморската традиција и нејзиното значење на пристаништето Есбјерг. Кружни отвори помеѓу терасата и просторот за складирање и подготовка на чамци внесуваат дневна светлина во јадрото на приземјето и создаваат визуелна и социјална вертикална врска.

1-copy-0

Проектот, на WERK Arkitekter и Snøhetta, има ритмично фасадно повторување инспирирано од конструкцијата на дрвени чамци и однадвор  и одвнатре. Промените односно ротацијата на панелите даваат овозможува различни сенки, инспирирани од облиците на кајаците во внатрешноста. Ритамот на дрвото продолжува на кровната површина, каде соларните панели се интегрирани во појас околу горниот раб.

16

Спој на практичното и поетското

Со визија за создавање простор кој го спојува поетското со практичното, поморскиот центар има за цел да ја пронајде рамнотежата помеѓу фасцинантните и повторливи бранувања на морето и практичните секојдневни задачи. Симбиоза помеѓу убавото и грубото, елегантното и робусното.

Силата на центарот е очигледна не само во способноста на објектите да ги олеснат активностите, туку и во тоа како се создава едно засолниште од силните ветрови. Објектот е предвиден да се спротивстави на висока вода во случај водата да ја надмине околната нова брана. Затоа, конструкцијата до првиот кат е направена од бетон.  Дрвената фасада е дизајнирана да издржи сурови временски услови, додека зградата е проектирана така да преку фасадното обликување и партерот овозможи простори за посетителите каде би можеле истите да се засолнат.

5-copy-0

7-copy-0

6-copy-0

9-copy-0

Една од тие простори, воедно и срцето на проектот е јавната тераса која ги обединува сите различни функции во комплексот. Поврзана со првиот кат, терасата е достапна од двете главни скалишни простори, создавајќи амфитеатар. По овие две амфитеатрални скали, посетителите можат да уживаат во погледот и поморските активности на првиот кат.

12-copy-0 11-copy-0 10-copy-0

Испрати коментар

Scroll To Top