Насловна / Вести / Webb пронајде траги од јаглерод диоксид надвор од Сончевиот систем

Webb пронајде траги од јаглерод диоксид надвор од Сончевиот систем

Телескопот James Webb дојде до уште едно научно откритие – пронајде траги од јаглерод диоксид на планета надвор од Сончевиот систем.  Иако таа планета нема никогаш да биде погодна за живот, пронаоѓањето на CO2 на научниците им дава надеж дека може да дојде до слични откритија на планетите поблиски до Земјата.

webb1

Студијата за егзопалнетата WASP-39, која се наоѓа на оддалеченост од 700 светслосни години, наскоро ќе биде објавена во списанието Nature. Откривањето на јаглерод диоксидот ќе им помогне на научниците подобро да разберат како настанала планетата WASP-39. Телескопите Hubble и Spitzer веќе детектирале водена пареа, натриум и калиум во атмосферата на оваа планета, но дури со Webb е откриен и јаглерод диоксид. Телескопот вреден девет милијарди долари е именуван споре директорот на NASA во периодот од 1961 до 1986 година, и лансиран е на крајот на минатата година, Проектот го предводи NASA во партнерство со европската и канадската вселенска агенција, а телескопот е 100 пати помоќен од Hubble.

webb2

Испрати коментар

Scroll To Top