Шопинг / Гавани комплекс-Марина во Јаликавак (Турција), биро EAA-Emre Arolat Architects
Светскиот фестивал на архитектурата во Сингапур (WAF) секоја есен собира архитекти, инвеститори и производители на материјали и технологии од цел свет. Во конкурсот за наградата на фестивалот, покрај светски ѕвезди од архитектурата (годинава за влез во финале се бореа Заха Хадид со комплексот Dongdaemun Design Park and Plaza, Норман Фостер со Музејот Ленбаххаус, бирото BIG со Данскиот морски музеј и други), учествуваат и не толку многу познати бироа – вкупно околу 600 градби од разни делови на планетата. Бидејќи последниве три години фестивалот се одржува во „градот на иднината“– Сингапур, а не во Барселона, какo што беше на почетокот, учесници од Азија и Австралија имаше многу повеќе од кога било. Наградата WAF во себе вклучува над 30 номинации, кои ги опфаќаат практично сите видови градби и сфери од архитектурата. Почнувајќи од гарсониери до болници, од пејзаж до урбанизам. Единствен поголем услов за учество е проектот во моментот на пријавување на конкурсот да не е постар од година и пол. Денес ви ги прикажуваме последните 10 проекти, финалисти и наградени.
Религија / Црква Вознесение Господово во Севиља (Шпанија), биро AGi architects
Култура/ идни проекти – Споменик на слободата на печатот (Бразил), биро Gustavo Penna Arquiteto
Комерцијална и повеќефункционална градба/ идни проекти- Трговски центар Dreamland во Исхафан (Иран), биро Farshad Mehdizadeh Architects
Здравство/ идни проекти – Проширување на Народната болница во Расширение Народной больницы Футјан во Шенжен (Кина), биро Leigh & Orange
Одмор/ идни проекти – Музеј-хотел во градот Антакија (Турција), биро EAA-Emre Amrolat Architects
Дом/ идни проекти – Куќа „Маслинова градина“ (Австралија), биро Ian Moore Architects
Деловен простор/ идни проекти / Комплекс Agashiyan во Ахмадабад (Индија), биро Sanjay Puri Architects
Инфраструктура/ – идни проекти – Централна железничка станица во Линчепинг (Шведска), биро Sweco Central Architects (Metro Arkitekter) и Rundquist Arkitekter
Урбанизам/ идни проекти – Урбанизтички план на северо-западниот дел на Кембриџ (Велика Британија), биро AECOM Design & Planning