Експериментален проект на иднината / Вертикална фарма Skyfarm за Експо-2015 во Милано (Италија), Rogers Stirk Harbour + Partners и Arup.
Светскиот фестивал на архитектурата во Сингапур (WAF) секоја есен собира архитекти, инвеститори и производители на материјали и технологии од цел свет. Во конкурсот за наградата на фестивалот, покрај светски ѕвезди од архитектурата (годинава за влез во финале се бореа Заха Хадид со комплексот Dongdaemun Design Park and Plaza, Норман Фостер со Музејот Ленбаххаус, бирото BIG со Данскиот морски музеј и други), учествуваат и не толку многу познати бироа – вкупно околу 600 градби од разни делови на планетата. Бидејќи последниве три години фестивалот се одржува во „градот на иднината“– Сингапур, а не во Барселона, каке што беше на почетокот, учесници од Азија и Австралија имаше многу повеќе од кога било. Наградата WAF во себе вклучува над 30 номинации, кои ги опфаќаат практично сите видови градби и сфери од архитектурата. Почнувајќи од гарсониери до болници, од пејзаж до урбанизам. Единствен поголем услов за учество е проектот во моментот на пријавување на конкурсот да не е постар од година и пол. Вчера го објавивме првото продолжение при што ви покажавме 12 градби, наградени и финалисти. Денес следуваат уште 12 други. Во понеделник ќе биде објавено последното продолжение.
Проект на иднината од образованието / Технолошки факултет при Универзитетот FPT близу Ханој (Виетнам), биро Vo Trong Nghia Architects
Живеалиште на иднината / Станбен комплекс The Village (Индија), биро Sanjay Puri Architects
Спорт / Спортски центар во Сингапур, биро Arup, DP Architects и AECOM
Здравство / Онколошки оддел на болницата принц Альфред “Chris O‘Brien Lifehouse” во Сиднеј(Австралија), биро HDR Rice Daubney
Транспорт / Мост Скејл-апон-Лејн во градот Кингстон-апон-Халл (Велика Британија), биро McDowell+Benedetti
Дом / Куќата House for Trees во Хошимин (Виетнам), биро Vo Trong Nghia Architects
Станбена зграда / Станбен комплекс The Carve во Осло (Норвешка), биро A-Lab
Офис / Комплекс Liberty Place во Сиднеј (Австралија), биро Francis-Jones Morehen Thorp (fjmt)
Високо образование и истражувања / Медиатека при Универзитетот на провинцијата Даларна во Фалун (Шведска), биро ADEPT
Изложба / Павилјон Te Kaitaka („Покривка“) в Окланд (Нов Зеланд), биро Fearon Hay Architects
Училишта/ Академијата Чобхем во Лондон (Велика Британија), биро Allford Hall Monaghan Morris