Насловна / Арт и дизајн / VW ID.Buzz – моделот кој пазарот долго го чекаше

VW ID.Buzz – моделот кој пазарот долго го чекаше

Кога е во прашање Volkswagen, вниманието е насочено на исчекувањето на моделот VW ID.Buzz. Европската премиера е закажана за 9-ти март, а тогаш автомобилот ќе ја доживее и американската премиера во Остин. Имено, од овој модел се очекува одличен старт на американско тло, каде што оригиналниот Microbus стекна култен статус.

buzz1

Што се однесува до европскиот пазар, неодамна се појавија информации за можната цена на ова возило. Познавачите на состојбите прогнозираат дека цената ќе биде околу 60.000 евра. Но во комбинација со владините субвенции, во Германија е за очекување цената да биде околу 50.000 евра. Листата на нарачки ќе биде отворена во мај. Станува збор за модел со електромотор и погон на задните тркала, додека верзијата со погон на сите четири тркала ќе биде дополнително вклучена во понудата. Првите примероци ќе им бидат испорачани на купувачите во септември годинава.

buzz2

Испрати коментар

Scroll To Top