Насловна / Вести / VW го оправда своето име: Нов достапен електричен автомобил „за народ“

VW го оправда своето име: Нов достапен електричен автомобил „за народ“

Високата цена на електричните автомобили, кај многумина создава скепса кога станува збор за нивната иднина, но компанијата Volkswagen тврди дека има решение. Ферманскиот производител поради својата добро позната афера со дизелашите, меѓу првите започна со интензивен развој во електромобилноста. Концептот ID. Life кој е претставен во Минхен, претставува вистински „автомобил за народот“, бидејќи носи електромобилност по релативно достапна цена.  Станува збор за цена од 20.000 евра, кој поседува електромотор од 234 hp, и има забрзување од 0 дo 100 km/h за помалку од 7 секунди. За разлика од моделите ID. 3 и ID. 4, кои во основната верзија имаат погон на задните тркала, кај овој модел моќноста се пренесува само на предната оска.

Volkswagen Showcar ID.LIFE

zanarodot2

ID. Life користи специјално подесена верзија на MEB платформата. Батеријата со капацитет од  57 kWh, овозможува автономија од околу 400 километри.  Внатрешноста има минималистички дизајн. Сите информации се достапни на инструмент таблата која е дел од управувачот, како и на head-up дисплејот. Користените материјали за енетериерот се во најголем дел рециклирани. Како дел од сериската опрема, за моментите на пауза од возењето, на располагање се играчка конзола и проектор, а како екран се користи платно кое се извлекува и поставува пред ветробранското стакло. За сериската верзија на овој автомобил ќе треба да се почека околу две години. Доколку таа верзија ги има истите перформанси и технологија како овој концепт, сигурно ќе придонесе за вистинска револуција во електромобилноста.

zanarodot3

zanarodot4

 

Испрати коментар

Scroll To Top