--> -->
-->
Насловна / Вести / Вучиќ тврди дека ЕУ ќе го прогласи „Јадар“ за стратешки проект, а активистите подготвуваат жалби

Вучиќ тврди дека ЕУ ќе го прогласи „Јадар“ за стратешки проект, а активистите подготвуваат жалби

Европската Комисија ги одобри првите 47 стратешки проекти на територијата на ЕУ, за добивање на важни суровини, и тоа најмногу за производство на батерии. Во објавата стои дека „одлуката за можниот избор“ на предлози за инвестиции во трети земји за добивање на ваков статус ќе биде „усвоена во подоцнежна фаза“. Според Законот за критични суровини на ЕУ, ваквите стратешки проекти имаат право на административна поддршка и финансирање од страна на ЕУ.

„ЕУ за седум или осум дена ќе го прогласи проектот за експлоатација на литиум за стратешки проект“, тврди претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Станува збор за планот на британско – австралискиот рударски гигант Rio Tinto да отвори рудник за литиум и постројка за преработка на западот на Србија. Контроверзите за овој проект почнаа уште во 2021 година, и предизвикаа повеќе бранови на масовни протести. Група невладини организации од Србија, како и од Романија, Германија, Шпанија и Португалија, реагираа на оваа одлука на Европската Комисија, како и на изјавата на Вучиќ, и најавија покренување на спорови против доделување на стратешки статус за проблематичните проекти за рудници. „Ние не сме игралиште за рударската мафија. Нашите адвокати во Европа ги подготвуваат жалбите за поништување на оваа одлука. Rio Tinto покажа непочитување на владеењето на правото во Србија“, изјави Бојана Новаковиќ од организацијата Marš sa Drine.

Испрати коментар

Scroll To Top