Насловна / Арт и дизајн / Второ издание од „Еволуција на еден сон“

Второ издание од „Еволуција на еден сон“

Пред две години се испразни куќата на ул. „Рузвелтова“ 44-А која стоеше во еден од последните дебармаалски дворови и се наполни со уметност пред конечно да биде срушена. Приказната за „Еволуција на еден сон“ беше целосно обработена од македонски уметници кои со своите дела ја вратија магијата на едно некогашно живеење.
Денес, 24-ти септември во изложбениот простор и во дворното место на Кинотека на Република Македонија повторно ќе се спроведе меморијата од ова случување изложувајќи ги делата кои беа создадени, а воедно ќе се зачне изградба на еден нов музички мост помеѓу Португалија, Македонија, Бразил и лусофонијата на Африка кој ќе биде претставен со концерт создаден како експеримент од музичкиот амалгам: македонскиот, португалскиот, бразилскиот и кабовердијанскиот звук.

веселас
Во 17:00 часот, архитект Маја Петковска ќе одржи презентација на магистерскиот труд во кој се образложува како сите дела од Еволуција на еден сон можеа да бидат зачувани и спроведени со поинаква архитектонска изведба.
Во 18:00 часот со инаугурација на изложбата „Еволуција на еден сон“ која се состои од делата на: Јана Куновска, Владимир Кнежевиќ-Путец, Ѓорѓе Јовановиќ, Владимир Лукаш, Ненад Тонкин, Ване Костуранов, Милан Андов, Атанас Ботев, Доротеј Нешковски, Јана Јакимовска, Маја Џеповска, Матеј Богдановски, Иван Ивановски, Јана Манева Чупоска и перформансот на нашиот Мирослав Стојановиќ-Шуки во изведба на Сара Климовска и Мирослав Стојановиќ-Шуки.
Потоа следи концерт и Ди Џеј сесија.

Испрати коментар

Scroll To Top