Насловна / Вести / Втората меѓународна конференција „Жените во енергетиката 2018“ ќе се одржи во Скопје

Втората меѓународна конференција „Жените во енергетиката 2018“ ќе се одржи во Скопје

Конференцијата која претставува иницијатива за промоција на поголемо учество и вклученост на жените во енергетскиот сектор, се одржува на 4ти и 5ти јуни 2018 во Скопје, во хотелот Мериот.

Една од главните цели на WIN 2018 (Women in energy 2018) e подигнување на свеста за важноста на родовата рамнотежа во бизнисот и економијата, идентификувајќи стратегии и програми за зајакнување на родовата еднаквост. Ова е особено важно во сектори во кои традиционално жените биле помалку застапени, како што е тоа во енергетскиот сектор.

Конференцијата WIN 2018  служи како платформа за споделување на знаења и искуства на лидерите и професионалците  од бизнисот и од академската средина.  Настанот е организиран од Инженерската институција на Македонија и ЕВН Македонија, во соработка со CEI Cooperation Fund. Повеќе детали за претстојната конференција можете да најдете на следниот ЛИНК

 

Испрати коментар

Scroll To Top