Од 25 до 27 април годинава, во Скопје, по втор пат ќе се одржи студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој“. Конференцијата е организирана под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), во соработка со ИЕЕЕ – Македонска секција на ИЕЕЕ.
Енергетската ефикасност и одржливиот развој се две светски актуелни прашања на кои активно се работи и во Македонија и во светот. Целта на оваа конференција е на едно место да ги обедини студентите, претставниците од академската средина и компаниите кои се занимаваат со проблематиката на енергетската ефикасност и одржливиот развој, за да се претстави работата на истите и да се овозможи научно-истражувачка работа во оваа област.
На конференцијата може да учествуват сите студенти, додипломци и постдипломци, кои сакаат да изработат и достават труд на некоја од темите на фокус на конференцијата, претставници од академската средина кои се занимаваат со оваа проблематика и сите компании кои во текот на своето секојдневно работење имплементираат методи кои се поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој.
Пријавувањето се врши преку веб страната на конференцијата каде што се поставени темите на предметен фокус на конференцијата, како и упатство и насоки за пишување на трудовите. Рокот за пријавување е до 20.02.2014.
За подетални информации и пријавување на конференцијата заинтересираните можат се информираат на http://skeeor.feit.ukim.edu.mk
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Втора студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“