Насловна / Вести / Втора меѓународна графичка изложба ExLibris во Музеј на град Скопје

Втора меѓународна графичка изложба ExLibris во Музеј на град Скопје

graficka izlozba

Вечер во Музеј на град Скопје, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Отвореното графичко студио ќе се отвори Втората меѓународна  графичка ExLibris изложба.

„Прогнозите дека графиката постепено ќе исчезне со експанзијата на дигиталните медиуми, за среќа, не се остварија. Таков беше случајот и со појавата на музичките компакт-дискови, кога сите му предвидуваа „смрт“ на винилот како носач на звук; не  само што не престана да се произведува туку интересот за него од година в година сѐ повеќе расте. Работата со традиционалните техники претставува своевиден куриозитет. Сѐ додека постои потреба од графика, сѐ додека постојат колекционери и сладокусци и, на крај, уметници што се занимаваат со овој медиум, сѐ дотогаш графиката ќе егзистира“, вели Атанас Ботев.

Ова графичко биенале, додава, е резултат токму на наведените околности.

Бројот на учесници на втората меѓународна ExLibris изложба е зголемен во однос на минатата година: 41 учесник од 11 земји. Застапени се речиси сите традиционални техники, вклучувајќи ја и дигиталната графика.

Испрати коментар

Scroll To Top