Уметниците, младите професионалци и, едноставно, луѓето што сакаат едноставен живот, сите овие се кандидати за сопственици на студио апартмани со врвни дизајни. Ваквите станови се мали и немаат никакви прегради помеѓу дневните и спалните соби. Но, во никој случај овие станови не се полоши од останатите, од аспект на нивната удобност, убавина и квалитет на живот кој му го пружаат на сопственикот.
Овој стан е дело на Сергеј Прокопчук и е со еклектичен стил. Неколкуте quirky елементи во станот, како што е дрвената кујна, му даваат на овој стан младешки изглед. Иако спалната и дневната соба се сосема споени, лизгачката стаклена врата дава барем малку поголемо чувство на приватност во спалната соба.