Наспроти бројните безлични дизајни, појавата на иновативната Iris Von Herpen, претставува вистинско дизајнерско освежување коешто на квалитетен начин ги поврзува технологијата и естетиката.
Iris Von Herpen е уметница, дизајнерка, креаторка, љубител на поинаква мода, која се претстави пред американската публика со изложба на којашто го обединила сето свое уметничко творештво на едно место.
Оваа Холанѓанка на модната сцена е присутна помалку од една деценија, а нејзината работа е толку уникатна што во 15 колекции се наоѓаат 45 креации кои се споени во уметнички проект. Насловена Transforming Fashion, оваа изложба е единствен увид во три-димензионалната естетика со која дизајнерката со својата модна куќа се претставува.
Изложбата е отворена во музејот High во Атланта и ќе биде отворена до средината на следната година. За својата работа, Iris Van Herpen повеќе пати била наградена, а најчесто користи материјали како што се злато, метал и челик.