Марина Абрамовиќ, “The Spirit In Any Condition Does Not Burn”
Осум водечки современи уметници донирале свои дела аукција на Sotheby’s во организација на хуманитарната фондација на Елтон Џон за борба против СИДА. Така, свои уметнички работи на аукцијата покрај Марина Абрамовиќ, ќе изложат и William Eggleston, Inka Essenhigh, Theaster Gates, Wade Guyton, Louise Lawler, Raymond Pettibon и Ai Weiwei.
William Eggleston, „Без наслов“
Аукцијата ќе се одржи на 14 ноември. Меѓу изложените дела, најескпонирано ќе биде она на William Eggleston од почетокот на 70-тите години од минатиот век, кое се проценува околу 100-150 илјади долари токму заради неговата актуелност. На почетокот на 2013 година, овој значаен фотограф и уметник имаше своја самостојна изложба во музејот Metropolitan.
Ai Weiwei, “The Bubble of Ten”
Ai Weiwei ќе се претстави со делото Bubble of Ten (2008) кое е проценето на 350-450 илјади долари, а Марина Абрамовиќ со црно-бела фотографија од 2011 година, за која се очекува цена од 40 до 60 илјади долари. „Секогаш се инспирираме со важната работа на Елтон Џон и неговата фондација во борбата против СИДА, и затоа сме среќни што ќе можеме од оваа аукција да донираме токму во корист на овој фонд. Меѓу делата кои ќе ги понудиме се и дела на најинтересните автори на денешнината, што сигурно ќе привлече нови, но и веќе познати колекционери“, изјави главниот аукционер и директор на оделот за современа уметност во Sotheby’s, Тобиас Мејер.
Wade Guyton, „Без наслов(420)“Inka Essenhigh, „Снегулка“
Louise Lawler, “Splash”
Raymond Pettibon, „Без наслов“