Кадифе во зелена, портокалова и кралско сина нијанса во комбинација со парчиња од црна кожа во неутрална кафена, беж или црна боја се хитот на овогодишниот Salone del Mobile.
Тоа се трендовите што може да се приметат дека се повторуваат на штандовите на најпознатите компании на саемот. Комбинацијата на различни материјали во однос на едно парче мебел или распоредени во цела соба е тоа што доминира на саемот.
JAB мебел, портокалово кадифе и кожа
Теписите се претежно со кратки „влакна“ и тоа во црно-бели нијанси, односно со благо прелевање на нијансите. Значи, трендот на „бушави“ теписи е дефинитивно завршен.
Освен портокаловата боја, зелената е најприсутната на саемските штандови. Во една „неутрална“ поставеност, доволно е само да се постават детали, како перници во зелена или портокалова боја, за да се добие дневна соба во тренд.
Кадифените софи и трпезариски столчиња на популарниот бренд Calligaris се во комбинација со метални детали во злато и бакарни нијанси на конструкциите на „клуб столиците“ или на трпезариските столици.
Calligaris – мебел за дневната соба во кадифе
Новиот модел на Calligaris во кадифе и портокалови нијанси
Со луксузната атмосфера доминира штандот на компанијата Flou. Иако се најпознати по своите кревети, тие го привлекоа вниманието на саемот и со мебел за дневна соба.
Луксузен изглед на штандот на италијанскиот производител на мебел Flou
Ethnicraft се претстави со својот препознатлив мебел од полно дрво
Il Loft, мебел со заоблени рабови и ретро стил