Сместена во поле со маслинки во јужниот дел на Пелопонез во Грција, оваа летна резиденција се карактеризира со зелен покрив во облик на грчката буква ипсилон и има двојна функција.
Со својот интересен изглед и севкупниот концепт, овој објект ги привлекува сите што го виделе, како што сирените ги привлекувале морнарите.
Оваа фантастична куќа совршено се вклопува во опкружувањето, па од височина или од дистанца тешко може да се сфати дека ова е резиденција која ја направиле архитекти од архитектонското студио LASSA.
Необичниот покрив се „рачва“ на три гранки, правејќи ја симболичната буква Y, а фантастичната куќа нуди спектакуларен поглед на заливите и планините.
Висината на куќата е ограничена со висината на околните маслинови дрвја, со цел да не се наруши околниот пејзаж и објектот совршено да се интегрира во природата.
Ентериерот на луксузната куќа е поделен на две главни области. Една приватна, која се состои од три спални соби и две купатила и една друштвена област, каде што има дневна соба и кујна, со пристап до трите дворови кои ја опкружуваат куќата и спектакуларниот базен.
Иако резиденцијата се наоѓа на оддалечена локација, а буџетот бил ограничен, архитектите велат дека голем дел од овој проект е направен рачно и со производство на нестандардни елементи, како што се столарија, прозорци и мебел.
Оваа фантастична куќа била завршена за само седум месеци работа без да се надмине планираниот буџет користејќи ги локалните материјали како што се бетон, мермер и терацо.