Насловна / Архитектура / Врвен швајцарски квалитет произведен во Скопје

Врвен швајцарски квалитет произведен во Скопје

Дали знаевте дека во Македонија активно се работи со BIM технологија од 2015 година? Breon Engineering е компанијата – пионер во оваа област, која веќе долги години инвестира ресурси во софтвер и едукација за BIM. Breon е швајцарска компанија со претставништво во Македонија, основана во 2010 година од нејзиниот извршен директор Фикрет Зендели, кој се враќа од Швајцарија во својата родна земја со желба тука да изгради сопствен бренд. Овој амбициозен претприемач, веќе единаесетта година предводи тим на македонски градежни инженери и архитекти кои работат за високо компетитивниот швајцарски пазар. Проектите на кои е Breon вклучен, зборуваат за квалитетот на работата на оваа компанија. Специјалноста на Breon Engineering гравитира околу три сервиси: 3D BIM планови, арматурни планови и планови за бетонски оплати, се со цел продуктите, готовиот производ кој го испорачуваат, да бидат со врвен квалитет.

sss

Проект за бетонски скали во Базел, Швајцарија 

Проектите за бетонски оплати во комбинација со BIM го прават самиот процес на изведба многу полесен и побрз. Овој проект во Базел, за кој што на терен не се користени 2D цртежи, туку детални 3D модели од кој што се земени сите координати и димензии, претставува нов стандард во градежништвото дури и за швајцарски пазар. (BIMtoFIeld) За да се постигне ова високо ниво на стручност, посветеност и прецизност во работењето, инженерите во Breon поминуваат голем број на обуки, добиваат едукативни материјали и тимски работат за да се постигне највисокиот можен квалитет и перфекција во сите детали. Ова е една компетитивна и динамична атмосфера, која бара уникатен mindset, долгорочно размислување, посветеност и висока инженерска подготвеност. Заради уникатноста на индустријата, во која што еден проект може да трае неколку години, инженерите кои се вклучени на проектот, треба да се подготвени да го водат работењето од почеток до крај. Човечките ресурси го претставуваат најважниот аспект за Breon, бидејќи за да се постигне нивото на кое се барањата на швајцарските клиенти, потребен е континуитет, потребно е долгогодишно дообучување и доусовршување на претходно стекнатото знаење. Освен на професионален кадар, во Breon голем акцент се става и на модерната технологија. Софтверските решенија кои ги користат инженерите секогаш се најнови и најсоодветни за специфичните проекти. Во однос на софтвер за BIM проекти, Breon веќе долги години е партнер со германската компанија Allplan, чиј софтвер е најшироко користениот од инженерските компании во германскиот дел на Швајцарија. За тоа колку работата на Breon Engineering е признаена во Швајцарија, зборува и фактот дека дел од нивниот проекти се објавени од високо реномираниот магазин TEC21, а неодамна, рендерите за нивниот тековен проект за Depot Hard во Цирих, беа објавени на платформите на Allplan Schweiz AG, што претставува големо признание!

LEADTOOLS v20.0

 

 Рендер за Depot Hard проектот во Цирих, Швајцарија

Работа на проект како Depot Hard претставува големо достигнување за една инженерска компанија. Самото портфолио кое е непоходно да се стане партнер на проект со толку големо значење, сложеност и кој бара голема стручност, содржи претходна голема посветеност, професионалност, инвестиции и долгогодишен развој. Покрај клиентите и вработените, третиот и подеднакво важен столб за Breon е социјалната одговорност. Токму во оваа компанија се зачетоците на сега широко познатата Social Friday иницијатива, на која во изминативе четири години се вклучија компании и индивидуалци од шест европски земји. Иницијативата има за цел да го пренамени непродуктивно искористеното време од петок попладне во настани од социјално одговорен карактер. Преку овие настани, во текот на работното време, им се дава можност на членовите на тимот да ги прошират своите хоризонти од аспект на социјалната свесност и со тоа да придонесат за подобро општество во целост.

Тимот на Breon посветува по еден работен петок секој квартал на ваков настан, а ова во Social Friday иницијативата е наречено коорперативен круг од четири евенти годишно. Со ова целта е да се поттикнат компаниите освен квартлани финансиски извештаи, на секои три месеци да покажат и поголема коорперативна социјална одговорност.

Поради пандемијата овие активности се паузирани, меѓутоа следат ветувачки планови по укинувањата на мерките. Photo 3_resize

Дел од Social Friday активност на Бреон во SOS детското село во Скопје, 2018 година

Во Breon како компанија од брзорастечката индустрија со големи побарувања, секогаш се добредојдени мотивирани и искусни инженери. Специфичните сервиси кои ги нуди се посоодветни за градежни инженери, меѓутоа тимот го надополнуваат и архитекти. Сите инженери може да аплицираат на овој линк!

Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top