Насловна / Архитектура / Врвен проект за ефтина станбена изградба

Врвен проект за ефтина станбена изградба

Квалитетно и врвно реализирана станбена изградба за „мали пари“ е голем и тешко совладлив предизвик. Данската компанија Bjarke Ingels Group (BIG) решила да се справи со овој предизвик и изработила извонреден проект з асвојата земја. Dortheavej Residence, зградата чиј инвеститор е непрофитно станбено здружение, нуди архитектонски проектирани домови за луѓе со ниски примања. Dortheavej Residence го добила името по адресата во Копенхаген и има површина од 6.800 квадратни метри. Се простира на пет ката и има 66 станови. Не е така привлечна како на пример BIG– овата Via 57 West, се разбира и поради буџетските ограничувања кои се присутни кај ваков вид на работи.  Се состои од станови со кутиест облик , изработени од префабрикуван бетон кои се наредени еден врз друг, така што создаваат кариран шаблон и се допадливи за око. Овие “кутиести“ станови се распоредени долж кривулест ѕид кој се обвива околу блискиот двор и обложен е со дрвени даски, давајќи и “помек“ изглед на бетонската школка. „Поволното домување е архитектонски предизвик поради буџетските ограничувања “, вели Bjarke Ingels. „Се обидовме да мобилизираме модуларна конструкција со скромни материјали, со цел да создадеме пораскошни животни простори на градско но и на станбено ниво. Префабрикуваните елементи се вклопуваат на начин кој му овозможува на секој втор модул дополнителен метар во височина, создавајќи простран кујнски простор. Иако економските ограничувања доведуваат и до многу други ограничувања, сепак во овој проект ние создадовме додадтна вредност и за поединецот, но и за заедницата“ додава тој.

Ентериерот е карактеристичен за стилот на BIG, и се карактеризира со големо застаклување од подот до таванот, кое овозможува максимални придобивки од природното осветлување.  Дрвото во комбинација со бетонот отвора едноставен распоред на просториите во внатрешноста. Поголемиот број станови имаат површини меѓу 60 и 115 квадратни метри, а максималната височина на таванот е 3,5 метри. Секој стан има и мала отворена тераса. Вкупниот буџет за Dortheavej Residence изнесувал  9,8 милиони УСД.

BIG1

BIG2

BIG3

BIG4

BIG5

BIG6

 

Испрати коментар

Scroll To Top