Париз е град за чија убавина и шарм не треба дополнително да се зборува. Повеќето туристи во него повторно се враќаат и откриваат секогаш нешто ново и возбудливо. Како резултат на тоа, понудата на сместување е многу широка, па така може да се избере од поволни варијанти до оние луксузните.
Еден од стилски најинтересните опции е, секако, хотелот La Réserve, кој се наоѓа непосредно до „Плас де ла Конкорд“ и Ајфеловата кула, која може да се гледа од собите. Хотелот е дизајниран од страна на Жак Гарсија, а естетиката би можела да се опише како класично луксузна, односно различна од трендовските хотели со многу современи елементи, кои тука се појавуваат само во некои детали.
Покрај убавиот декор, врвната кујна и централната локација, овој хотел нуди и полн спектар на спа третмани. Затоа не изненадува фактот што La Réserve е вклучен на листата на најдобрите хотели за 2017 година од страна на престижната публикација Condé Nast Traveller.