Насловна / Вести / Времено укинат мораториумот во Општина Центар

Времено укинат мораториумот во Општина Центар

Времено е укинат мораториумот за градба во Oпштина Центар, додека Уставен суд не донесе одлука дали тој е законски донесен и во согласност со Уставот. Ова беше одлучено на денешната седница на Уставниот суд, каде точка на дневен ред беше разгледување на иницијативата за уставноста и законитоста на мораториумот, поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Со мнозинство гласови беше прифатена иницијативата за разгледување на уставноста и законитоста на мораториумот. Притоа, донесена е времена мерка до конечната одлука мораториумот да биде запрен“, велат од Уставен суд.

USTAVEN-SU

Со одлука на Советот на Општина Центар на 27 декември 2017 година беше донесен мораториум на градба, со кој беше стопирана реализацијата на 31 Детален урбанистички план (ДУП). Оттогаш мораториумот беше продолжуван четири пати. Тоа значеше дека Општината не издаваше одобренија за градба додека не се ревидираат плановите. Од воведувањето на мораториумот ревидирани се само два плана, кои беа изгласани на седница на Советот на Општина Центар на 14 март.

Уставниот суд единствено може да ја разгледува законитоста на мораториумот, но не и ДУП-овите како подзаконски акти. Ова укажува дека Уставниот суд не навлегува во суштината на планот, што е апсурд. Уставниот суд не навлегува во планските решенија и одредбите во планот, коишто во некои делови сериозно може да ја обезвреднат сопственоста, правото на град, јавниот простор и сите останати вредностигарантирани со Уставот. За вакви случаи во Уставниот суд неопходно е да одлучуваат рамноправно и експерти од урбанизмот по предмети од урбанистичките планови. Тие ќе можат навремено да ги увидат и да реагираат за спорните решенија во плановите. Бидејќи евидентно е дека плановите се спорни, а никој не понесува одговорност (досега не е одземено ниту едно единствено овластување од КОАИ) се најдовме у безизлена ситуација, а во меѓувреме Општина Центар ќе мора да издава одобренија за градба врз основа на спорните урбанизми се додека трае времената мерка за укинување на мораториумот. А за да биде трагедијата поголема иницијативата до судот ја поднесуваат оние на кои најмногу им одговара укинување на мораториумот, бидејќи не ги засега просторот и градот како ресурс туки само висината и површината за градење, а тоа се оние кои градат и оние кои планираат вакви планови.

opstina-centar

Останува да видиме која ќе биде конечната одлука на Уставниот суд и да видиме дали процесот на ревидирање на спорните планови ќе се забрза и ќе се изработат квалитетни планови, кои секако не може да бидат повторно изработени од истите планерски куќи кои ги работеле до сега. Нивното планирање стана сериозен проблем, бидејќи видовме кое е нивото на нивното работење. Зад квалитетно планирање и за стратегија на развој на градот мора државата да застане, наместо да се повинува на бизнис интереси на поединци и да формира опсежни стручни тимови кои ќе се занимаваат со планирање како стратешка цел.

Испрати коментар

Scroll To Top