Насловна / Вести / Времена забрана за изградба на жичара на Попова Шапка

Времена забрана за изградба на жичара на Попова Шапка

Popova sapka

 Државниот инспекторат за животна средина издаде решение со забрана за работа за ЕЛЕМ, А.Д Скопје и фирмата Декон Ком, Скопје за вршење секакви градежни активности на жичарата шестосед на Попова Шапка во законски максимален рок од 90 дена. Во контролите направени на теренот на 5-ти и 6-ти октомври е утврдено дека било поместена локацијата за изградба на приемната станица за жичарата.

При надзор во јули годинава е констатирано оштетување на извори на водоснабдување на градот Тетово. Веднаш се издаде решение за забрана на сите активности до изнаоѓање на соодветно техничко решение, а во меѓувреме редовно да се известува ДИЖС за сите преземени активности. Решение за забрана за градежни активности е дадено и од страна на Овластен Инспектор за животна средина од Општина Тетово, согласно надлежностите на локалната смоуправа.

Надзорот од 5 и 6 октомври е утврдил дека е „поместено предвиденото место за приемнта станица на жичарата, а воопшто ДИЖС не бил писмено информиран за превземените активности. ДИЖС побара документација, нова дозвола за градба, измена на Елаборат за животна средина и мислење од страна на МЖСПП, кои не беа презентирани при надзорот“. Оттука и изречената мерка за забрана на врење на секакви градежни активности во споменатиот рок.

По законскиот рок, ДИЖС ќе изврши контролен надзор на истиот локалитет со правниот субјект, а во очекување е на средба со претставници од АД ЕЛЕМ Скопје во насока на вршење увид во документација што ја поседуваат, а поврзана со гореспоменатата жичара.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Еден коментар

  1. Kodra e djellit

    A џамијата што се гради горе,ќе преземе ли некој нешто или жичарата е сега проблем

Испрати коментар

Scroll To Top