Општина Центар ги известува граѓаните дека дел од улицата „Орце Николов“ на потегот помеѓу угостителските објекти „Кај Перо“ и „Наџак“ ќе има времен режим на сообраќај.
Сообраќајот ќе се одвива по улица „Михаил Цоков“ и ќе продолжува по „Орце Николов“.
Времениот режим е поради манифестацијата за отворање на „Боемска улица2“ и поставувањето на бина.
Овој режим ќе важи до 24.12.2016 (сабота) до 06:00 часот.