Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во сабота поради изведување на градежни активности, на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставен режим.
Времен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.