Земајќи ја предвид локацијата, како дел од најгусто населените станбени области во градот Токио, при обликувањето на атипичната, полигонална четирикатна структура, архитектонското студио Atelier Tekuto успеало да обезбеди максимално природно осветлување во внатрешноста, врамувајќи го погледот кон бескрајниот хоризонт на небото. Со поставување на големиот кровен прозорец, архитектите ја презентираат својата перцепција за нивното значење во склоп на урбаниот контекст, како елементарен интерфејс помеѓу човекот и природата во урбаниот контекст.
Волуменот на објектот е обликуван во однос на дозволената висина според урбанистичките правила и стандарди, додека пак димензиите на кровниот отвор се детерминирани според максималната големина на една стаклена површина.