Renault 4 некогаш бил рекламиран како евтин автомобил со големи можности. Но, во иднина тој ќе добие сосема нова улога. Новиот Renault 4, ќе ја носи ознаката 4ever, ќе биде претставен во 2025 година, и се разбира ќе има електричен погон. По се изгледа ќе ја користи истата CMF-BEV основа како ретро инспирираната „петка“, но ќе има облик на кросовер и значително повисока цена. Директорот на француската компанија, на минхенскиот саем за автомобили ги потврди гласините за враќањето на Renault 4, но исто така додал: “Многу научивме од тоа што први понудивме електричен автомобил во Европа, но тоа беше скапа лекција. Овие автомобили мора да ни донесат профит“. Со тоа, тој уште еднаш даде до знаење дека неговата компанија веќе не сака да губи пари на електричи модели, како во случајот на Renault Zoe, и со 10 нови електрични модели сака до крајот на деценијата да гo зголеми уделот на електричните модели во продажбата на дури 90%. Оригиналниот Renault 4 се произведувал од 1961 до 1993 година, и за тоа време се продадени над 8 милиони од овој модел. Наследникот сигурно ќе има ретро дизајн, со елементи на футуристички стил, додека се останато, вклучувајќи ја и цената ќе биде некоја нова приказна.