Заедница на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ синоќа ги врачи наградите на настанот „Зелен глобус. Ваков настан се одржува за прв пат во Македонија. Станува збор за настан целосно посветен на награди во областа на екологијата и заштитата на животната средина. На свеченоста беа доделени симболични награди на истакнати активисти, доктори, новинари, истражувачи и поддржувачи од областа на екологијата, пред сè од областа на аерозагадувањето.
Наградените поединци и организации се:
- Најдобра мобилна апликација – „Мој Воздух“ на Горјан Јовановски
- Најдобра еко фотографија – „Фото со дрон на Скопје обвиено во смог“ на Донче Илијоски
- Најдобра кампања на социјалните мрежи – #ДенНаВоздухот од ТВ шоуто „Еден на Еден“ со Жаре Димитриоски
- Истакнат професор – поборник за чист воздух – Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институт за јавно здравје
- Истакнат новинар – поборник за чист воздух – Огнен Јанески од ТВ 24 Вести со емисијата „Очи во Очи“
- Истакнати активисти за велосипедско Скопје – „НаТочак“
- Истакнат онлајн медиум – поборник за чист воздух – „Радио МОФ“
- Истакнат магазин – поборник за екологија – „Лице в Лице“
- Најдобар документарец – „Загадување: Скопје го стигна Пекинг“ во режија на Горан Лефков и продукција на Центар за истражувачко новинарство „SCOOP – Macedonia“
- Најдобра еко герила акција – „Џиновско гнездо во центарот на Скопје“ на Урбани уметнички акции