Насловна / Вести / Вработените во БМВ на работа ќе одат со електрични велосипеди

Вработените во БМВ на работа ќе одат со електрични велосипеди

Баварскиот производите БМВ има идеја како да го реши сообраќајниот хаос во Минхен. Вработените во оваа компанија ќе доаѓаат со електрични велосипеди.

БМВ воведе нова мера во борбата против недостигот од паркинзи во Минхен. Вработените во БМВ имаат на располагање службени велосипеди. Тоа треба да ги поттикне вработените да се префрлуваат на превозни средства што се подобри за животната средина и не зафаќаат простор.

bike

Префрлувањето на велосипеди е сосем логична мера, затоа што сообраќајниот колапс во Минхен не може да се спречи ако сите продолжат да возат автомобили. Дополнителен проблем е тоа што многумина пристигаат на работа во Минхен од блиските градови. За нив е неизводливо да доаѓаат на работа со велосипед.

БМВ на своите клиенти им нуди изобилство модели со исклучителна еко-нота, сега тоа ќе мора да го почитуваат и вработените

Од почетокот на месецов, вработените во Минхен можат да изнајмуваат службени велосипеди. Место со автомобил тие во иднина ќе доаѓаат со електричен велосипед. Трошоците за овие велосипеди кои чинат повеќе илјади евра ќе се надоместат при исплаќањето на бонусот за успех.

Работничкиот совет во БМВ очекува дека новата мерка ќе придонесе за растоварување на сообраќајот во Минхен, кадешто автомобилската марка вработува 40 илјади лица. Доколку само десет проценти од персоналот се префрлат на велосипед, ќе се ослободат две катни гаражи.

Испрати коментар

Scroll To Top