Над 1000 врабтени во компанијата „Амазон“, еден од светските гиганти со седиште во Сиетл, и со вкупно 45.000 вработени, ќе го поддржат глобалниот климатски штрајк закажан за 20ти септември. Ова е прв пат од основањето на оваа компанија, како штрајкуваат нејзините вработени. Глобалниот климатски штрајк го организираат движењето Fridays for Future и девојчето Грета Тунберг. Учеството во големиот штрајк на вработените од „Амазон“ е организирано преку здружение под името „Вработените во Амазон за климатска правда“. На штрајкот, тие ќе ги изложат следните барања:
– Компанијата „Амазон“ до 2030 година да постигне нулта емисија на штетни гасови
– Да ги прекине договорите на својот интернет сервис со сите компании за фосилни горива
– Да престане да ги финансира оние кои ги негираат климатските промени
Вработените веруваат дека „Амазон“ може да има силно влијание на останатите компании и на бројни поединци, и веруваат дека ќе предизвикаат иницирање на соодветни активности кај топ менаџментот на својата компанија. Многумина се сложуваат околу желбата да работат за компанија која ги третира климатските промени како сериозен проблем.