Насловна / Вести / Вработените можат сами да одлучат кои неформални простории ќе станат место за работа

Вработените можат сами да одлучат кои неформални простории ќе станат место за работа

Во време кога нашите дневни соби станаа канцеларии, а вработените лежејќи во пижами на кауч работат, значењето на канцеларискиот простор станува важно: колективните работни простори имаат вредност за заедничко креирање, соработка, комуникација и појава на нови идеи.

Па така бирото Ippolito Fleitz од Германија смета дека канцеларијата треба да биде удобен, социјален центар со домашна атмосфера. Ти го проектрале ентериерот на канцелариите на компанијата Scholler SI која се занимава со управување и инвестирање во недвижнини, градски области и обновлива енергија.

На двата ката на канцеларијата на Scholler SI доминираат топли бои и интересни комбинации на материјали. Ова не само што создава пријатна работна средина, туку и ги одразува вредностите на оваа иновативна инвестициска и градежна компанија.

Во ентериерот може да се види јасноста на архитектонскиот стил. Затемнети стаклени прегради, светло обоени завеси, прави линии на мебел и големи теписи со реси нагласуваат одредени области и создаваат ритам на целиот деловен простор, кој се карактеризира со слоеви, рефлексии и транспарентност.

Овде се организирани и отворени и затворени делови: од класични индивидуални работни станици до заеднички големи маси и салони. Исто како во слоганот „Каде што сте вие, тамо е канцеларијата“, вработените можат сами да одлучат кои неформални простории ќе станат место за работа.

Собите непречено се претопуваат една во друга, опкружувајќи го централното јадро. За да биде центарот жив, интересно е украсен: светлите бои динамично се менуваат со различни материјали и текстури.

Фактот што вработените овде се чувствуваат удобно е последица на акустиката на просторијата и бујната вегетација, како и природната светлина. Комбинацијата на различни и специјално дизајнирани столни светилки им носи удобност на 48 работни места. Боите се разликуваат во зависност од насоката на работа и создаваат оптичка кохезија со подовите и таванот.

Овој ентериер за Scholler SI има за цел да ги одрази вредностите на компанијата.Деловните простории се наменети да понудат современо работно опкружување. Посебен акцент е ставен на на промовирање на вредности како што се co-working, соработка и комуникација.

Испрати коментар

Scroll To Top