Todd Miller од студиото Ziegler Build ја изненади австралиската архитектонска сцена со впечатлива современа резиденција изграденa од 31 бродски контејнери.
Сместен во Graceville, предградие на Briesban во Квинсленд, овој неконвенционален дом се простира на 706 квадратни метри и, секако, инспирира со својата посебност. Внатрешноста се состои од три етажи и е украсена со уметнички дела – графити.
При дизајнирање на овој простор, според архитектот, најголемо внимание било посветено на поврзување на ентериерот со екстериерот. На првиот кат се протегаат дневните простории кои се споени во една целина.
На вториот и третиот кат има четири спални соби, кои на сопствениците им нудат приватност и удобно место за релаксирање. Различните текстури и примероци му даваат динамика на овој ентериер, додека големите прозорци нудат прекрасен поглед на природата во околината и го поврзуваат овој необичен ентериер со екстериерот.
Куќата има прекрасен базен исполнет со морска вода.