Насловна / Вести / „Вози право, вози здраво“- 3.500 велосипеди и тротинети го преплавија Скопје

„Вози право, вози здраво“- 3.500 велосипеди и тротинети го преплавија Скопје

Скопските улици вчера беа преплавени со велосипеди и тротинети. Повеќе од 3.500 деца и возрасни со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и скејтборди учествуваа на ревијалната трка низ улиците на Скопје – „Вози право, вози здраво“.

4H5A4588_resize

Стартот на „Вози право, вози здраво“ беше закажан во 18 часот од „Порта Македонија“, а целта беше фонтаната во Градски парк.

4H5A4593_resize

„Вози право, вози здраво“ е ревијален настан што го организира Стопанска банка АД низ улиците на Скопје, со кој се промовираат здравите животни навики и користењето еколошки транспортни средства со кои ја чуваме животната средина, како и забава за сите генерации, семејства и пријатели. Ова е шести пат како се организира овој настан на кој во изминатите години учествуваа десетици илјади граѓани.

Фото: КИРО ПОПОВ

4H5A4609_resize

IMG_7111_resize

IMG_7128_resize

IMG_7149_resize

IMG_7177_resize

IMG_7187_resize

Испрати коментар

Scroll To Top