Насловна / Вести / Возење со електромобил низ Скопје за 50 денари

Возење со електромобил низ Скопје за 50 денари

elektromobil za 50 denari

Билетот за возење со електромобил по скопските улици ќе чини 50 денари. Ценовникот вчера беше усвоен од Советот на Скопје, но граѓаните ќе мора да почекаат тие да бидат официјално промовирани од Јавното претпријатие „Градски паркинг“.
Петте електромобили, кои ќе служат за туристички прошетки, веќе се пристигнати. Договорот за нивна набавка „Градски паркинг“ го склучи со фирмата „Хипнел“, а едно возило чини 11.420 евра. Апаратот за полнење на акумулаторите со струја е во рамките на катната гаража „Свети Kирил и Методиј“.
Возилата ќе имаат обучен возач, кој во исто време ќе биде и туристички водич. Почетната станица е Порта Македонија, а турата ќе се одвива по улицата Македонија и во реонот на Мал ринг.

3 коментари

  1. Супер!
    По само 16314 тури, ќе се исплати цената за набавката.
    По 20 тури, зимо-лето секој ден, помалку од 2,5 години.
    Каматите, платата, одржувањето и струјата, веднаш потоа.

  2. Браво,паметна работа… и добар промоторски трик

Испрати коментар

Scroll To Top