Загаденоста во Њу Делхи достигна 10 пати над безбедниот лимит, откако густи сиви облаци од смог се спуштија над градот.
Индиската медицинска асоцијација прогласи вонредна состојба, предупредувајќи ги луѓето да не излегуваат надвор.
Училиштата ќе бидат затворени утре, а денес голем дел од школите забранија излегување надвор и ги замолија родителите да обезбедат гас маски за децата.
ПМ 2,5 честичките достигнаа 742 микрограма на кубен метар, а Светската здравствена организација безбедносниот лимит го поставува на 60.
Во некои делови од градот, забележани се и 999 микрограма на кубен метар, што е највисоко што може тие инструменти да измерат.